„Се обидуваме да дознаеме што се случува со Меси“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Барселона никој не знае дали Лионел Меси ќе остане. Аргентинецот пред некое време побара раскин на договорот со каталонскиот гигант, но потоа се појавија информации дека ќе одработи уште една сезона во клубот.

Неговиот соиграч, Антоан Гризман за првпат даде изјава на оваа тема.

„Се обидуваме да дознаеме што ќе се случи, но тоа е нешто што треба да се реши меѓу него и клубот. Само се надевам дека ќе остане со нас. Слушнавме многу работи, но можеби повеќе знаат новинарите“, вели Гризман.

Гризман минатата сезона пристигна од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.