Се огласи и Аднре Гомеш по страотната повреда (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот фудбалер и член на Евертон, Андре Гомеш конечно се огласи во јавноста по страшната повреда која ја претрпе на неделниот натпревар против Тотенхем.

Гомеш ја напушти болницата по успешно извршената опреација и се очекува да го пропушти остатокот од сезоната.

Португалецот преку видео порака која ја постави на својот Твитер профил се заблагодари на сите за поддршката.

„Здраво на сите. Како што знаете, се помина многудобро. Веќе сум во мојот дом со моето семејство. Сакам да ви се заблагодарам за поддршката и за позитивната енергија“ –истакна Гомеш.