Се огласи менаџерот на Бензема по цела драма!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема не беше дел од тимот на Франција на Мундијалот во Катар затоа што се повреди пред самиот почеток, а нема да биде ниту во финалето против Аргентина, иако се рехабилитира од повредата.

Бензема требаше да дојде за финалето во Катар, но напаѓач на Реал Мадрид порача дека не го интересира тоа, а очигледно причина за неговиот став е односот со селекторот Дидие Дешам.

Менаџерот на Бензема, Карим Џазири го прекина молкот и порача дека цел свет треба да го остави Бензема на мир.

„Франција игра финале. Мора да бидеме со сите играчи кои ќе бидат на теренот за да ни ја донесат третата титула, а Бензема оставете го на мир. Тој ќе биде со Франција повеќе од било кога“, вели Џазири.