Се огласи претседателот на Барселона: Се е шпекулација, ние не го сакаме Гризман …


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Французинот, Антоан Гризман како што стојат работите, нема да ја продолжи кариерата во Барселона.

За трансферот на овој напаѓач од Атлетико веќе се шпекулира со месеци, а како следна дестинација во кариерата се споменуваше токму Барселона, чии челници неретко ги посолуваа работите токму на сметка на Гризман.

Иако порано постоеше понуда за Гризман да дојде на „Камп Ноу“, во меѓувреме челниците на Барселона се откажаа, што потврди и претседателот на клубот Жозеп Мариа Бартомеу.

„Ми се допаѓа, сакам кога најдобрите играчи на светот играат во Примера, бидејќи тие даваат квалитет во лигата. Но, сепак, тој не е на нашата листа желби, ниту не повикал, тоа се шпекулации“, изјави првиот човек на шпанскиот шампион.

Од друга страна, за трансферот на Гризман не е загрижен ниту тренерот на Атлетико, Диего Симеоне кој изјави дека се надева дека фантастичниот напаѓач и следната сезона ќе игра на „Ванда Метрополитано“.

„Искрено не сум загрижен. Тој е капитен на Атлетико и секогаш на сите приказни одговараше со игра, на дело. Не можам да ја замислам следната сезона без него, бидејќи има договор со клубот“, истакна Симеоне.

Оваа сезона Гризман за Атлетико, сметајќи ги сите натпреварувања, одигра 43 натпревари и притоа постигна 20 погодоци и запиша 10 асистенции.

Договорот со „Јорганџиите“ му важи до 2023. година.