Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓународната Фудбалска Федерација (ФИФА) со официјално соопштение за јавноста истакнаа дека нема никаков основ за покренување истрага против првиот човек на организацијата, Џани Инфантино.
Во четвртокот швајцарските власти отворија истрага против Инфантино поради непознати криминални дејности со некогашниот швајцарски обвинител, Михаел Лаубер.
„Нити имало, нити има причина за отварање било каква истрага зошто не се случи ништо што би имало врска со криминални дејности. ФИФА и нејзиниот претседател категорично ги отфрлаат импликациите или сугестиите дека претседателот се обиде да изврши недозволено влијание на швјацарскиот главен обвинител“ –стои во дел од соопштението на ФИФА.