Се отвора патот за Мбапе, заминување на Иско и како ќе изгледа јануари за Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид се обидува да го договори Килијан Мбапе, кој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната.

Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти го предводи одлично тимот, па поради тоа претседателот Флорентино Перез ќе му исполни неколку желби.

Реал Мадрид е фокусиран само на трансфер на Мбапе, додека не се планираат други трансфери во текот на јануари, а се очекува соработката да биде потврдена по мечот во Лига на шампиони (ЛШ) меѓу екипите.

Шпанските медиуми пишуваат дека Ерлинг Халанд е уште една желба на Перез, која би требало да ја оствари следното лето.

Неколку фудбалери на „кралевите“ не се во плановите на Анчелоти, па Герет Бејл е прв кој треба да замине, а исто така Перез ќе треба да се ослободи и од Марсело и Иско.

Иско се поврзуваше со позајмица во Милан, меѓутоа засега не е познато дали ќе замине до крајот на јануари.

Хесус Ваљехо би требало да си ја побара среќата на друго место, а за него заинтересирани се Валенсија и Њукасл, додека Милитао ќе остане покрај Алаба.