Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши своето учество на Австралија опен во полуфиналето, откако загуби од Италијанецот Јаник Синер.
Ѓоковиќ остана на првото место на АТП-листата, а коментар на целата ситуација во светот на тенисот даде поранешниот тенисер Енди Родик.
„Малку разочара во Мелбурн, но тоа е нормално. Ѓоковиќ е најдобар во светот, но сметам дека ова е почеток на неговиот пад. Ако младите дознаат дека можат да го победат, тоа ќе биде неговиот крај“, кажа Родик.