„Се плашам дека ова е почеток на крајот на ерата на Ѓоковиќ“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши своето учество на Австралија опен во полуфиналето, откако загуби од Италијанецот Јаник Синер.

Ѓоковиќ остана на првото место на АТП-листата, а коментар на целата ситуација во светот на тенисот даде поранешниот тенисер Енди Родик.

„Малку разочара во Мелбурн, но тоа е нормално. Ѓоковиќ е најдобар во светот, но сметам дека ова е почеток на неговиот пад. Ако младите дознаат дека можат да го победат, тоа ќе биде неговиот крај“, кажа Родик.