Се плашат да му кажат: Еден човек и понатаму не знае дека починал Марадона!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден човек не ја дозна тажната вест за Диего Армандо Марадона. Тоа е поранешниот селектор на Аргентина, Карлос Билардо, кој страда од невролошки проблеми и се наоѓа на домашно лекување.

Билардо беше селектор на „гаучосите“ на три Мундијали, во 1982, 1986 и 1990 година, односно во период кога Марадона ја предводеше Аргентина до светскиот трон.

„Не можам да му кажам дека Диего починал. Го сакаше како син“, признава братот на Карлос, Хорхе.

Медицинските сестри кои се грижат за Билардо, му забраниле да гледа ТВ.

„Медицинската сестра знае дека ако нешто се случи, ТВ мора да биде исклучено. И така беше, му кажаа дека се скинал кабелот од ТВ“, објасни Хорхе.