Се подготвува голем трансфер на релација Барселона-Ливерпул – цената е 100 милиони евра!

Фото: Liverpool/FB

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што се приближува летниот трансфер-период, шпекулациите се сè почести. Сега се појави информација дека би можело да се склучи зделка помеѓу Ливерпул и Барселона.

Според информациите кои доаѓаат од Велика Британија, Ливерпул покажува голем интерес за Роналд Араухо.

Уругвајскиот репрезентативец е важен за Барселона, но ќе биде интересно да се види дали Барселона ќе го пушти за соодветната цена.

Роналд Араухо би можел да биде уште поважен играч во екипата на Ливерпул, особено кога не е решена иднината на Вирџил Ван Дајк.

Фичајес извести дека Ливерпул е спремен да плати дури 100 милиони евра за потписот на Роналд Араухо, кој би можел да биде долгорочна замена за Холанѓанецот.

Рaководството на Ливерпул би сакало да ги задржи и Ван Дајк и да го доведе Роналд Араухо, и да ги спари на стоперските позиции.

Иако Роналд Араухо изгледа како големо име кое му е потребно на Ливерпул во овој момент, не треба да се занемарат и останатите проблеми кои ги имаат Редсите.

Тимот на Арне Слот неодамна изгуби финале од Карабао купот од Њукасл, а испадна од Лигата на шампионите во осминафиналето од ПСЖ.

Исто така, беа поразени од Фулам со 3:2 во последниот натпревар од Премиер Лигата, иако сè уште се фаворити за освојување на Премиер Лига пред Арсенал и останатите тимови.

Сосема е сигурно дека Роналд Араухо би можел да биде добра опција, но доколку чини 100 милиони евра, тоа можеби нема да остави доволно пари во буџетот за засилувања на други позиции.

По 31 одиграно коло, Ливерпул е прв на табелата со 73 бода, додека второпласираниот Арсенал има 11 помалку. Нотингем Форест е трет со 57.

Фото: Liverpool/FB