До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсенал ќе мора да плати повеќе од 90 милиони евра ако сака да ја доведе ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, пишува Football Insider.
Топџиите минатото лето го доведоа Виктор Гјокерес, но оттогаш се поврзуваат со поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, кој со Атлетико има договор до 2030 година.
Ако Арсенал сега го доведе аргентинскиот напаѓач за 90 милиони евра, тоа би бил најголемиот трансфер оваа зима. Најскап досега е преминувањето на Антоан Семењо од Борнмут во Манчестер Сити за 72 милиони евра.
















