Се појави доказ дека Гризман го измамил Атлетико, Барселона мора да плати 80 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Антоан Гризман летово стигна во каталонскиот гигант од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 120 милиони евра. По комплетирање на преселбата, клубот од Мадрид обвини дека се измамени и дека Каталонците им должат уште 80 милиони евра, а сега тоа беше докажано.

Шпанскиот медиум „Ел Мундо Депортиво“ објави докази и мејлови меѓу двете страни, па така се покажа дека Гризман преговарал со Барселона уште додека траела минатата сезона.

Барселона го купи Французинот, откако летово плати 120 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузула, но управата на Атлетико од првиот ден обвини дека Каталонците преговарале сред сезона со фудбалерот.

„Мундо Депортиво“ ги објави мејловите меѓу Гризман, неговата сестра, адвокатот и менаџерот, а од кои се гледа дека договориле премија од 14 милиони евра за потпис на соработката.