Се појави клуб кој го сака Роналдо: Контроверзен претседател со него сака да ја повтори историјата!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо минатото лето се врати во Манчестер јунајтед, но екипата одигра очајна сезона и не обезбеди место во Лигата на шампиони (ЛШ), па поради тоа ѕвездата сака да си замине од клубот.

Роналдо досега се поврзуваше со многу европски гиганти, како ПСЖ, Челси, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и други, но не стигна ниту една понуда за него.

Шпански „АС“ објави дека за Роналдо е заинтересиран контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Првиот човек на Наполи сака Роналдо да го направи легенда во Неапол и да го повтори случајот со Диего Армандо Марадона.

Тоа што е важно и предност за Наполи е што екипата игра во ЛШ следната сезона, но Роналдо го има последниот збор.