Се појави планот за Меси: Покетино има неколку адути за да изгради страшен тим!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маурицио Покетино ќе се обиде да го убеди Лионел Меси да се пресели во Париз. Францускиот шампион има план како да го украде Аргентинецот од Барселона. Тие наводно сакаат да го вклучат Меси во екипа со неколку негови сонародници.

Еден од адутите е Анхел Ди Марија, а втор треба да биде Серхио Агуеро, за кого интерес покажа ПСЖ и без сомнеж ќе тргне по неговиот потпис.

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси би морал да се согласи на помала плата, за да остане ПСЖ во границите на Финансискиот фер-плеј, а условот би бил да го ангажираат Агуеро, кој има договор со Манчестер сити до лето.

ПСЖ има план да ги спои Меси, Агуеро, Нејмар и Ди Марија, а тоа ќе биде тандем од кој секоја екипа ќе се плаши.