Се појави уште еден тим заинтересиран за Лингард

„ЕСПН“ пренесува дека рускиот тим на Зенит Санкт Петерсбург сериозно се интересира за ангажман на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард.

27 годишниот фудбалер не е воплановите на Оле Гунар Солскјер, па доколку се најде купувач за него тој дефинитивно ќе биде продаден ова лето.

Се појавија шпекулации дека Тотенхем е заинтересиран за неговите услуги, но клубот од Северен Лондон ќе тргне по Лингард само доколку успее да го продаде Деле Али.

Сега и рускиот Зенит сериозно се вклучува во трката за Лингард кој ќе ги чини околу 15 милиони фунти.