Се појави видео кога Муслера беше доведен во болница, неговиот израз на лицето го кажува се


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уругвајскиот голман Фернандо Муслера доживеа сериозна повреда синоќа на натпреварот помеѓу Ризеспор и Галатасарај.

Искусниот голман на Галатасарај се повреди во 13-та минута по судирот со противничкиот играч и се покажа дека станува збор за сериозна повреда на коленото, а на Муслера му претстои долга пауза.

Медицинскиот тим на Муслера му укажуваше помош дури десет минути, а подоцна тој беше пренесен во болница со брза помош и сигурно ќе мора да направи операција.

На социјалните медиуми се појави видео од пристигнувањето на Муслера во болницата, а на неговото лице може да се види дека тој е сè уште во шок. Уругваецот ќе биде надвор од терените најмалку половина година.