Сè повеќе тимови заинтересирани за Барди: Валенсија се вклучи во трката за неговиот потпис!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турски „Фанатик“ објави дека Фенербахче почнал преговори со Леванте за македонскиот репрезентативец Енис Барди, по што се појави вест дека и Валенсија сака да го добие потписот на одличниот фудбалер за врска.

Валенсија се обидува да го ангажира Барди, кој веќе пет години игра за Леванте и стана еден од најважните фудбалери на клубот.

„Лилјаците“ се заинтересирани за Барди бидеќи може да го ангажираат бесплатно ако Леванте испадне од Ла Лига, а тоа делува како реално во моментов.

Барди минатата зима се поврзуваше со многу тимови, но сепак на крајот остана во Леванте, а шпански „Ел Гол Дигитал“ открива дека Валенсија чека да помине финалето во Купот, по што ќе почне сериозни преговори.