Се славеше и во Шкотска: Медиумите ги исмејуваа Англичаните со брутални наслови!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Финалето на Европското првенство заврши во корист на Италија, која славеше на пенали против Англија на „Вембли“.

На тагата на Англија се израдуваа и Шкотите, а дел од нивните медиуми со брутални наслови ги исмејуваа големите ривали.

„Скотиш Сан“  напиша дека Англија ќе продолжи да го чека уште долго трофејот, кој последен пат го освоија пред 55 години.

Покрај тоа уште еден наслов во шкотските медиуми е дека „Трофејот замина во Рим и повеќе нема да се врати“, а со тоа ги провоцираат Англичаните кои сметаа дека конечно „Фудбалот се враќа дома“.

Шкотите не запреа тука, па голем број навивачи излегоа на улиците со италијански знамиња и го славеа поразот на Англија.