Се случи нешто сериозно? Ѓоковиќ го прекинал тренингот по само пола час!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неизвесноста дали Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија или ќе остане да се бори за титулата и понатаму трае, без оглед на тоа што федералниот суд му додели виза на српскиот тенисер.

Без разлика на тоа што и на ждрепката беше решено Ѓоковиќ во првото коло да игра против српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ, сепак неговиот настап не е 100 отсто сигурен.

Ѓоковиќ имаше закажан тренинг во траење од два часа, но најдобриот играч во светот решил да го прекине по само половина час минат на теренот.

Кондициониот тренер Марко Паники му покажал нешто на Србинот на мобилниот телефон, по што првиот фаворит за титулата во Мелбурн решил да го прекине тренингот по половина час и да замине од теренот.