Се спрема ли голем трансфер на Н’Голо Канте?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Н’Голо Канте без никакви дилеми е еден од најдобрите везни играчи во светот.

Фантастичниот фудбалер на почетокот од новата сезона имаше одредени проблеми со повредите, но кога е на теренот, играта на Челси е значително подобра.

Меѓутоа, Плавите од Лондон наскоро би можеле да останат без Канте. Дејли Меил тврди дека Јувентус е заинтересиран за доведување на овој фудбалер и ќе проба да го реализира трансферот веќе во јануари.

Тренерот на Старата дама, Маурицио Сари смета дека Канте перфектно би се вклопил во везниот ред со Пјаниќ и Ремзи. Побара од раководството да му го доведат Канте, а челниците на Бјанконерите сериозно пристапиле кон тоа.

Понудата спрема Челси ќе изнесува околу 70 милиони фути и се претпоставува дека ќе биде доволна Французинот да се пресели во Торино.

Да потсетиме, Кане стигна во Челси од Лестер со кој ја освои титулата во Премиер лигата, а потоа истото го направи и со лондонскиот тим.