Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Борис Бекер влезе во војна на социјалните мрежи со Ник Кирјос. Познато е дека контроверзниот тенисер прво удри по Новак Ѓоковиќ поради организација на „Адрија Тур“, а потоа го нападна и Александер Зверев, кој беше на забава.
Бекер застана во заштита на тенисерите со кои е во добри односи, иако не ги спомена конкретно Новак и Александер.
„Не сакам глувци. Секој кој ги критикува колегите спортисти не е мој пријател. Погледни се во огледало“, напиша Бекер.
Веднаш потоа следеше брутален одговор на Кирјос.
„Не се натпреварува и не сакам никој да го фрлам на волците. Ова е глобална пандемија и ако некој идиот како Зверев го прави тоа, секако дека ќе го критикувам, едноставно е! Борис Бекер е поглупав од што мислев“, напиша Кирјос.