„Се срамам што му ја искубав косата на Меси“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон гостуваше кај Питер Крауч. Шкотскиот лев бек притоа се присети на минатогодишниот дуел со Барселона во Лигата на шампиони.

Робертсон тогаш имаше инцидент со најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси.

„Некогаш на теренот се однесувам како навивач, а не како професионален фудбалер. Фабињо и јас го следевме Меси и завршивме на тревата, а јас потоа го искубав за коса. Не беше пресреќен поради мојот потег и ве убедувам дека никогаш повторно не би направил нешто слично. Жалам поради тоа, посебно сга тоа сите ми го споменуваат. Покажав непочитување кон најдобриот играч во историјата, не знам што ми беше. Не размислив“, кажа Робертсон.