Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Џонатан Роу, ќе го напушти тој клуб по настаните во петокот навечер во соблекувалната на “Роазон парк”.
Не може без тензии и драма во Марсеј. Овој клуб е проникнат со такви нешта низ историјата. Веќе на самиот почеток на сезоната, изгубија од Рен со гол во продолженијата, а потоа незадоволните играчи, откако се погледнале в очи во соблекувалната, влегоа во конфликт.
Пред сѐ, станува збор за Адриен Рабио и Џонатан Роу кои физички се конфронтирале откако францускиот играч на средината му кажал на Англичанецот дека не се потрудил доволно на теренот.
На почетокот се појавија информации за разменување зборови и вжештени глави, но неколку дена подоцна, локалните медиуми објавија дека дошло до физички конфликт и дека спортскиот директор Меди Бенатија заедно со Роберто де Дзерби спречиле поголема тепачка.
И двата играча се привремено исфрлени од првиот тим, а Џонатан Роу веќе ги пакува куферите. Крилниот напаѓач веројатно ќе замине за Италија. Го сака Болоња која веќе го повикала, се споменува и Рома… Сепак, заинтересирани се и некои англиски клубови.
Марсеј треба да добие 20.000.000 евра, но прашање е дали ќе успее да издејствува толку по претходните случувања.
Фото: Принтскрин