Се „тресат“ Апенините: Таткото на Нејмар стигнал на преговори во Италија


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Таткото на Нејмар синоќа пристигнал во Торино на преговори со Јувентус, на кој му се понуди бразилскиот фудбалер, откако Барселона „објави“ дека нема пари за да го ангажира.

„Мундо Депортиво“ пишува дека во Торино се одржале преговори меѓу директорот Фабио Паратичи и таткото на Нејмар.

Сепак, единствен проблем во реализацијата на трансферот би можела да биде отштетата која ја бара ПСЖ, а тоа е 300 милиони евра.

Италијанските фанови ја следат будно ситуацијата за иднината на Нејмар, а навивачите на италијанскиот шампион се возбудени поради пристигнувањето на Де Лихт во одбраната, па можеби дел од нив сонуваат и за напад предводен од тандемот Роналдо – Нејмар.