Се „тресе“ Париз: Зверев играл со температура на Ролан Гарос!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу контроверзи го следат гренслем-турнирот Ролан Гарос. Прво се појави сомнеж дека еден меч е наместен, а сега и самата завршница на турнирот е загрозена.

Александер Зверев болен го играл мечот против Јаник Синер, а Германецот загуби со 1-3 во сетови по три часа борба.

Зверев по мечот призна дека имал проблеми со дишењето и температура, а многумина се сомневаат дека има ковид-19.

„Бев болен, не можев да дишам. Не требаше да излезам на теренот“, се пожали германскиот тенисер.

На тестирањето во петокот, два дена пред мечот, Зверев беше негативен на ковид-19, а сега останува ново тестирање и чекање на резултатот.