Се „тресе“ Шпанија: Агентот на Нејмар „уловен“ од новинарите – наскоро ќе имаме трансфер-бомба!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Нејмар во следниот период најверојатно ќе го напушти ПСЖ, а за него се води голема битка меѓу Реал Мадрид и Барселона, кои покажаа интерес за неговите услуги.

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо потврди дека преговорите се во напредна фаза, па поради тоа сите очекуваат наскоро реализација на трансфер-бомба.

Агентот на Нејмар, Хуан де Диос Креспо денеска беше „уловен“ на „Камп Ноу“, па така се потврди дека нешто се подготвува.

Тој денеска беше во друштво на Ариедо Брајда, кој е задолжен за трансфери во Барселона, па останува да видиме дали преговарале за иднината на Нејмар.

Во Париз инаку пристигнала понуда од Барселона, која вклучувала неколку фудбалери плус одредена сума на пари.