Се „тресе“ Шпанија: Претседателот на Реал Мадрид снимен како се поздравува со главниот судија! 📷


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 2-0 против Гранада во вчерашниот дуел во Ла Лига и се израмни по број на бодови со Атлетико Мадрид во шпанската Ла Лига.

Меѓутоа, повторно по натпреварот во Шпанија главна тема беше судењето. Една спорна ситуација беше забележана во продолжението на првото полувреме.

Касемиро имаше дуел со еден фудбалер на Гранада во казнениот простор на „кралевите“, по што гостите бараа пенал, но судијата не се јави и не покажа на белата точка ниту по прегледување на ВАР-снимката.

Навивачите на Барселона збеснаа по овој меч, а посебно по фотографијата која се појави пред натпреварот, кога првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез се поздравува со еден од судиите на мечот.