Се удави млад 17-годишен фудбалер на Лас Палмас! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот 17-годишен фудбалер на шпанскиот клуб Лас Палмас го загуби својот живот во саботата, како и уште едно момче од 15 години, кои се удавиле.

Хорхе Санчез кој настапуваше за кадетскиот состав на Лас Палмас и за сезоната 2020/21 беше планирано да игра за младинскиот состав, го загуби трагично својот живот.

„Лас Палмас жали за см*тта на поранешниот фудбалер и кадет Хорхе Санчез, кој требаше да игра во младинскиот состав следната сезона. Испраќаме сочуство до семејството и пријателите“, напишаа на профилот на шпанскиот клуб.