Се уште неизвесна судбината на Де Геа, преговорите продолжуваат


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Манчестер Јунајтед се уште не се договорил со Давид Де Геа за продолжување на соработката.

„Ѓаволите“ биле подготвени да платат 350.000 фунти неделна плата за шпанскиот чувар на мрежата, иако во медиумите излегоа написи дека Манчестер Јунајтед не се согласува да плати толку пари.

Сепак, сега, агентот на Де Геа ќе побара и можност за зголемување на сумата до околу 370.000 фунти неделна плата, па веројатно договор ќе биде постигнат.

Клубот од „Олд Трафорд“ е блиску до продолжување на соработката и со Андер Ерера и Хуан Мата, како и младиот напаѓач Маркус Рашфорд.

Договорите на Матео Дармијан и Антонио Валенсија веројатно нема да бидат продолжени, додека неизвесна е судбината на Андреас Переира.