Се вклучи алармот во Мадрид: Симеоне може да добие отказ во еден случај


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Атлетико Мадрид во моментов има три бодови предност пред Бетис во борбата за позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ) следната сезона.

Доколку Атлетико не успее да го задржи местото меѓу најдобрите четири екипи, тогаш тренерот Диего Симеоне би добил отказ.

Новинарот Антонио Руис објави дека Аргентинецот има соработка со шпанскиот гигант до 2024 година, но постои клаузула за прекин на договорот во случај да не се пласираат во ЛШ.

Симеоне добива месечна плата од 3,3 милиони евра, а сега сите ги очекуваат останатите дуели со Реал Мадрид, Елче, Севиља и Реал Сосиедад, додека Бетис треба да игра против Барселона, Валенсија, Гранада и Реал Мадрид.