Се запали алармот во Аргентина: Меси тренира сам!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Аргентина се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на Мундијалот во Катар затоа што најголемата ѕвезда Лионел Меси тренира сам во тренинг-центарот.

Меси вчера не се појавил на тренинг, а доцнел и на денешниот со неговите колеги, но засега не е позната причината за отсуството на ѕвездата на ПСЖ.

Аргентинецот ќе тренира сам до почетокот на Мундијалот во Катар, а засега не е познато дали Меси ќе биде подготвен за првиот дуел против Саудиска Арабија, кој е закажан за вторник од 11 часот.