Се запалил градскиот стадион во Тетово (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Синоќа се запалил градскиот стадион во Тетово во просторот под трибините, каде што изгореле дел од продавниците, но и дел од трибините.

Противпожарната екипа на Тетово веднаш интервенирала и повеќе од еден час се борела за да го локализира огнот.

Вкупно девет пожарникари и четири возила биле излезени на терен, а на крајот е направена само материјална штета од пожарот.