До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид го одбележаа непријатни сцени во второто полувреме. Десетминутен прекин го стави мечот во втор план. Сега во јавноста излегоа детали кои дополнително ги зголемуваат тензиите.
Дуелот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид во плеј-офот на Лигата на шампионите го одбележаа сцени кои го засенија самиот фудбал.
По водечкиот гол на гостите во второто полувреме, кој го постигна Винисиус Жуниор, средбата беше прекината речиси десет минути.
Бразилецот тогаш се пожалил на расистичка навреда. Најверојатно навредливиот израз го изговорил фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани.
Само неколку моменти пред инцидентот, напаѓачот на Реал Мадрид му се обратил на Аргентинецот.
“Замолчи, глупав кретен!”, наводно викнал кон противничкиот играч.
Ден по натпреварот, инцидентот од Лисабон се најде на насловните страници низ Европа.
Стручњакот за читање на усни Густаво Машадо објави на социјалната мрежа X видео анализа.
Во видеото прикажува што наводно кажал напаѓачот на мадридскиот тим веднаш по голот.
“Проговори, к*рво”, кажал Винисиус неколку моменти по погодокот.
Потоа се пожалил на судијата поради жолтиот картон.
“Зошто? Зошто ми даде картон? Се шегуваш? Зошто јас? Зошто?”
Веднаш потоа повторно му се обратил на Престијани.
“Затвори ја, идиот! Затвори ја, проклета кукавицо”, извикнал играчот на Реал Мадрид.
















