Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го одработи последниот тренинг пред почетокот на Ролан Гарос, кој е закажан за недела.
Негов ривал беше Карен Хачанов од Русија со кој Ѓоковиќ тренираше и во текот на турнирот во Дубаи, а интересно е тоа што трибините беа исполнети за време на тренингот.
Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против Јошихито Нишиока во понеделник, а доколку победи ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Молчан и Кори.
Србинот заедно со младиот Карлос Алкараз е главен фаворит за освојување на Ролан Гарос, додека „кралот на земјата“, Рафаел Надал овој пат не е меѓу првите кандидати за трофејот поради проблемите со повреда.