Седлоски: Играм против квалитетен тим, но подготвени сме да одиграме најдобро што можеме!

Македонскиот шампион Шкупи утре ќе се соочи против косовски Балкани во првиот меч од плејофот за настап во групната фаза на Конференциската лига.

Тренерот Гоце Седлоски е свесен дека ги очекува тежок натпревар против ривалот од Косово.

„Добро е што ќе ги имаме сите играчи на располагање. Немаме повредени и казнети и очекувам да се прикажеме во најдобро издание, мислам дека сме способни за такво нешто. Гледам за што се способни играчите овие денови и ќе видиме како ќе изгледаме на утрешниот натпревар. Балкани е квалитетен противник, не може да е поинаку кога стигнале до оваа фаза“, изјави Седлоски.

Седлоски кажа дека го анализирале противникот и се надева на триумф.

„Добро ги анализиравме, пред месец ипол игравме пријателски натпревар во Струга и кажав дека се квалитетни, а тоа што нивниот тренер изјавил дека ќе се пласираат во групите…Секој си има свои желби и идеи, но сето тоа треба и на терен да се потврди. Не сакам сега да зборувам за нив, играчите ќе излезат на терен и ќе видиме после 180 минути кој ќе оди во групите“, изјави Седлоски.

Фото: ФК Шкупи