Седлоски ќе ја тренира Влазнија Скадар

Поранешниот тренер на македонскиот шампион Шкупи, Гоце Седлоски си најде ангажман во соседна Албанија, каде што ќе ја тренира Влазнија Скадар до крајот на сезоната 2023/24.

Седлоски доби отказ од Шкупи поради лошите резултати со екипата од Чаир, па сега Влазнија ќе биде трет негов странски предизвик на сениорско ниво, откако ги тренираше и Рига и Широки бријег.

Македонскиот тренер го предводеше и вториот тим и младинците на Динамо Загреб, а го водеше и Вардар.