Седлоски прво оди во изолација, па на работа во Динамо Загреб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски во наредниот период ќе го води Б-тимот на хрватскиот гигант Динамо Загреб.

Седлоски постигна договор со раководството на хрватскиот шампион, но се најде пред неочекуван проблем.

Бившиот македонски репрезентативец стигна од Скопје во Загреб, но поради правилата ќе мора да оди во самоизолација во рок од 14 дена, а засега не е одредено кога ќе почнат со тренинзи неговите фудбалери.

Освен во Вардар, Седлоски работеше и во Рига, Широки бријег и неколку други екипи.