Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Барселона славеше на тешкото гостување кај Вилјареал со 4-3 и ја запиша првата гостинска победа во шпанската Ла Лига.
Екипата на Чави по 15 минути стигна до водство од 2-0 со головите на Гави и Де Јонг, по што „жолтата подморница“ преку Фојт и Сорлот израмни на 2-2.
Вилјареал направи пресврт во 50. минута преку Баена, но радоста не траеше долго бидејќи набрзо Торес израмни на 3-3, а потоа Левандовски погоди за конечни 4-3.
Барселона има седум бодови на табелата, односно два помалку од лидерот Реал Мадрид.