Седум гола и два пресврти за триумф на Барселона против Вилјареал (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона славеше на тешкото гостување кај Вилјареал со 4-3 и ја запиша првата гостинска победа во шпанската Ла Лига.

Екипата на Чави по 15 минути стигна до водство од 2-0 со головите на Гави и Де Јонг, по што „жолтата подморница“ преку Фојт и Сорлот израмни на 2-2.

Вилјареал направи пресврт во 50. минута преку Баена, но радоста не траеше долго бидејќи набрзо Торес израмни на 3-3, а потоа Левандовски погоди за конечни 4-3.

Барселона има седум бодови на табелата, односно два помалку од лидерот Реал Мадрид.