Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако се шпекулира дека сезоната во Серија А ќе продолжи, сепак има и такви кои се против таа одлука. Својот став за прекин на сезоната го потврдиле дури седум клубови, а тоа се Сампдорија, Торино, Болоња, СПАЛ, Бреша, Парма и Удинезе.
Наводно и Фиорентина не е за продолжување на шампионатот, но уште не се изјаснија од „Артемио Франки“.
„Советот на Серија А имаше состанок и ја потврди намерата да се комплетира шампионатот за сезоната 2019/20 ако ни дозволи Владата, што е целосно спротивно на правилата за заштита на здравјето и безбедноста. Таква одлука може да се донесе само во координација со медицинските протоколи за заштита на фудбалерите и останатите вработени“, пишува во соопштението.