Седум натпревари шест гостински победи во Премиер лигата: Се тресат тренерските столчиња на Емери и Силва


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Денешните натпревари во Премиер лигата донесоа нешто што ретко се гледа во светските лиги ширум светот.

Имено, на шест од седумте натпревари кои почнаа од 16:00 часот, како и на таа што се играше во 13:30 (Вест Хем- Тотенхем) победа славеа гостинските екипи.

Екипата на Арсенал единствено успеа да  ја одбрани честа на домаќините, ремизирајќи со тимот на Саутемптон (2:2). Интересно е тоа што Арсенал голот за реми го постигна во 96. минута од средбата.

Ливерпул славеше на тешкото гостување на „Селхрст Парк“ со 2:1, додека победничката серија ја продолжи и Лестер кој со 2:0 го совлада Брајтон.

Пораз доживеа Евертон кој пред своите гледачи беше шокиран од Норвич со 2:0, а на победа се радуваа и Вулверхемптон односно Барнли кои играа против Борнмут и Вотфорд.

По овие натпревари сериозно се тресе тренерското столче на Унаи Емери во Арсенал, како и она на Марко Силва кој иако вложи многу во тимот никако не успева да го крене Евертон напосакувана позиција.