Седумкратен француски првак сака да го купи Елмас!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас летово привлече голем интерес од многу европски гиганти, а последен е седумкратниот француски шампион Лион.

Лион бара замена за Лукас Пакета, кој е блиску до трансфер во Вест Хем, па изборот наводно паднал на македонскиот фудбалер.

Тимот на Питер Бош е заинтересиран за Елмас, кој претходно привлече интерес и од други гиганти, но сепак остана во Наполи, а така се очекува да биде и во овој случај.

Елмас неодамна ја доби капитенската лента, а италијанските медиуми објавија дека тоа е знак за неговата иднина, односно дека Лучано Спалети смета сериозни на неговите услуги.