Сега е и официјално: Талентот на Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со клубот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа што се очекуваше, сега доби и официјална потврда, Тахит Чонг го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.

Младиот фудбалер потпиша договор со клубот од „Олд Трафорд“ до 2022 година, а во истиот има опција за продолжување на соработката на уште една сезона.

Чонг досега собра вкупно 14 натпревари во првиот тим на Манчестер Јунајтед, а на последниот натпревар кој го одигра против Бриж беше и асистент на еден од головите на Фред.