Сејдини: Боби, веруваме во твојот квалитет, создаде неверојатна група на фудбалери!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го претстави новиот селектор Боби Милевски.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини на прес-конференцијата зборуваше за новиот селектор.

,,Доаѓаш подготвен за нови успеси. Создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе имаат две европски првенства, сениорски и младинско. Јас и управниот одбор сме убедени во квалитетот на фудбалерите и ви стоиме на располагање. Боби, ти посакувам среќа и верувам дека ќе соработуваме и повеќе од предвиденото”, кажа Сејдини.