Сејдини: Сите знаеме кој ќе стане селектор, ако не може да се договориме со Ангеловски!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини гостуваше во „Алсат“ телевизија и индиректно најави дека Благоја Милевски може да биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација доколку не се договорат со Игор Ангеловски.

ФФМ треба да има преговори со Ангеловски, а доколку не успеат да пронајдат заеднички јазик, тогаш Милевски ќе добие шанса да ја води А-селекцијата на Македонија.

„Прв со кој ќе разговараме ќе биде Ангеловски, а потоа ќе одиме на други опции. Се појави шпекулацијата за Просинечки, но како што кажав прво ќе седнеме со Ангеловски. Ако не со согласиме да продолжиме, не сакам да шпекулирам ама цела македонска јавност знае кој би можел да биде нов селектор“, кажа Сејдини.

Милевски со репрезентацијата до 21 година заигра на Европското првенство за млади фудбалери, а беше одличен и во последните квалификации.