Секој настап на Азар го чинел Реал Мадрид по 2,9 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот белгиски фудбалер Еден Азар реши вчера да замине во пензија, откако имаше неколку неславни години во Реал Мадрид.

Азар си го исполни сонот и потпиша за Реал Мадрид во 2019 година, а притоа ги освои сите титули во светот, но на теренот не импресионираше за „кралевите“.

Ако се земе во предвид отштетата која Реал ја плати за Азар од 100 милиони евра плус неговата плата во четири сезони од 120 милиони евра и се подели со бројот на одиграни натпревари (76), тогаш доаѓаме до бројка од 2,9 милиони евра по настап.

Белгиецот постигна само седум гола и 10 асистенции за „кралскиот клуб“, но тоа е премалку за парите со кои беше платен.