„Секој тренер го сака Гризман во својата екипа, но…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антоан Гризман пред неколку дена објави дека ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот на сезоната и се очекува да ја продолжи кариерата во Барселона.

Каталонците не се единствен клуб заинтересиран за неговите услуги, па за Французинот интерес покажаа и Манчестер јунајтед, Манчестер сити и ПСЖ.

ПСЖ утре го игра претпоследниот меч во сезоната на домашен терен против Дижон, а нивниот тренер Томас Тухел на прес-конференцијата зборуваше за можноста да го купи Гризман.

„Гризман може да игра во секој клуб во светот. Секој тренер би сакал да го види во својата екипа, но во моментов тоа не е реално за нас. На пазарот летово најмногу ќе бараме одбранбени фудбалери, на тоа ќе се фокусираме“, кажа Тухел.