Секоја чест: Елмас и другарите на тренинг израдуваат детенце (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Наполи организира средба со младиот навивач Антоан, а македонскиот фудбалер Елиф Елмас и неговите колеги го израдуваа на тренинг по драмата која му се случила на дуелот против Фиорентина на „Артемио Франки“.

Редар ги натерал Антоан и татко му да ги облечат дресовите наопаку за да немаат проблеми на стадионот, а овој инцидент стана познат на социјалните мрежи.

Поради тоа реагираа главните луѓе на Наполи и решија да му подарат на Антоан дрес со неговото име, а истиот беше потпишан од ѕвездите на клубот, меѓу кои е и Елмас.