Селектор си поднесе оставка, зашто му било досадно: Не е работава за мене…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на Костарика, Густаво Матосас реши да ја напушти позицијата. Овој 52-годишен стратег не видел вистински предизвик во работата, па му било досадно и затоа реши да си даде отказ.

Сепак, нема да остане без ангажман, зашто наскоро ќе седне на клупата на мексикански Сан Луиз.

„Сфатив дека водењето национален тим е досадно. Се чувствував бескорисен, иако имав еден куп анализи на натпреварите. Тешко е да не се работи со фудбалери секој ден. Не знаев дека е толку тешко и досадно да се биде селектор“, порача Густаво.

Последниот меч на кој селекторот ќе седи на клупата на Костарика е против Уругвај на 10 септември, а претходно во осум меча имаше три победи и пет порази.