Селекторот на Чиле откри изненадувачки тим заинтересиран за Видал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Артуро Видал веќе одрден период се поврзува со заминување од Барселона и извесен е неговиот трансфер од „Камп Ноу“.

Досега најсериозен кандидат за негов ангажман беше Интер, но сега се појавија уште неколку други заинтересирани тимови.

Според селекторот на Чиле, Реиналдо Руеда, Видал би можел да се врати во Бундеслигата и да го облече дресот на Борусија Дортмунд.

„Дортмунд е многу заинтересиран за него. Но засега нема ништо конкретно и треба да се биде трпелив со конечната одлука. Колку што знам постои можност да се врати и во Италија. Сите опции се отворени“ –изјави Руеда.

До изјавата на селекторот на Чиле, Борусија Дортмунд не се поврзуваше со ангажман на Видал, но сега и „милионерите“ ќе бидат сметани како сериозни претенденти за неговиот потпис.